
Музеј на Македонија
Истражи ја нашата богата историја, уметност и културно наследство.
Музеј на Македонија
За нас
Националниот музеј е формиран со обединување на Историскиот, Етнолошкиот и Археолошкиот музеј во единствена институција што го прикажува богатото културно наследство на Македонија. Изградбата започна во 1971 година, а свечено беше отворен во 1976 година. Денес музејот располага со изложбен простор од над 10.000 м² и нуди богати збирки што ја раскажуваат историјата, традицијата и уметноста на македонскиот народ.

Музеј на Македонија
Одделенија
Националниот музеј ги обединува археолошкото, етнолошкото, историското и уметничкото одделение. Секое од нив носи уникатна приказна, а заедно создаваат целосна слика за богатата историја и културно наследство на Македонија.

Етнологија
традиција, обичаи

Историја
настани, документи

Историја на уметност
слики, култура

Конзервативна лабараторија
заштита, реконструкција
Музеј на Македонија
Виртуелна прошетка
Започнете едно уникатно патување низ културното наследство од удобноста на вашиот дом. Со само еден клик, ве очекува виртуелна прошетка низ музејот, каде што ќе можете да ги истражите изложбените простори, артефактите и уметничките дела со неверојатна прецизност и деталност.
1
Планови, одлуки и извештаи
Развијаме стратегии и програми, донесуваме одлуки и објавуваме извештаи за постигнати резултати.
2
Публикации
Издаваме книги, каталози и списанија кои ја документираат и промовираат нашата дејност.
3
Јавни набавки
Сите тендери и договори се спроведуваат транспарентно, согласно законските регулативи.
Музеј на Македонија
Вести
Вести претставуваат навремено и објективно информирање за тековни настани и случувања од јавен интерес.
Отворање на Спомен соба на Вера Кличкова
Вчера во Музејот на РС Македонија се прикажа биографски филм и се отвори спомен собата…
05.06.2025

Доделена благодарница на музејот на РС Македонија
На Музејот на РС Македонија вчера по повод одбележувањето на јубилејот 40 години…
30.05.2025

Светски ден на културната разновидност за дијалог и развој
На 21.05.2025 година го одбележавме Светскиот ден на културната разновидност…
21.05.2025

Меморандум за соработка
Денес во Собранието на РС Македонија беше склучен Меморандум за соработка…
29.05.2025

Промоција на публикацијата „Кузман Јосифовски – Питу“
Музејот на Република Северна Македонија го обележува…
19.05.2025

Музеј на Македонија
Одговори на најчесто поставуваните прашања
Во овој дел можете да најдете одговори на најчесто поставуваните прашања од страна на нашите посетители, со цел побрзо и полесно да добиете информации за работата и активностите на Музејот на Македонија.
Каде се наоѓа музејот на Македонија?
Музејот на Македонија е сместен во Старата скопска чаршија, во близина на Камениот мост и плоштадот Македонија, на адреса Ул. Јосиф Михајловиќ бр.7, Скопје.
Кое е работното време на музејот?
Вторник-Петок 08:00-16:00
Сабота 09:00-15:00
Недела 09:00-13:00
Колку чини влезницата?
Цената на влезницата изнесува 100 денари,
додека за студенти и пензионери изнесува 50 денари.
Што може да се види во музејот?
Во музејот се изложени археолошки, етнолошки и историски поставки, како и значајни уметнички и културни експонати од македонското наследство.
Дали музејот нуди водич за посетители?
Да, посетителите можат да добијат професионален водич на македонски и други јазици, а достапни се и печатени информативни материјали за изложбите.

